Грчкиот асистент-професор по медицина во Атина, Гикас Магиоркинис, на својот ФБ профил постираше компјутерски снимки од бели дробови на деца заболени од Ковид 19. Снимките ги постира со цел да укаже на потреба од вакцинирање, но со оглед на ризичноста од вакцинирање кај младите со единствената одобрена вакцина за нив во светот (Фајзер) тоа ќе го оставиме овој пат настрана, иако Гикас доби многу рекации од Грци кои му опонираат на ставот за вакцинирање на децата.
Како и да е, тоа што е битно за нас е дека тој на мошне очигледен начин ни презентира што може да се случи со децата, кои немале никакви други коморбидитети, доколку се заразат со САРС КОВ 2 вирусот, а во очи на почетокот на училишната година кај нас.
Прочитајте го неговиот пост, сами погледајте ги снимките, консултирајте лекар кого го познавате за овие слики, а потоа размислите колку е правилна одлуката при ваква состојба кај нас децата да тргнат на училиште.
Само како напомена – овие снимки се од минатат година, кога делта сојот се уште не беше раширен, а се презентирани на овој сајт. Општо прифатен став на научниците е дека „делта“ сојот е поопасен за децата, а има дузина сведоштва на лекари кои велат дека тоа што се сега се случува со децата кои се заразиле, го немаат видено. Еве ја објавата на Магиоркинис:
„Сликата зборува илјада зборови. Компјутеризирана томографија на млади луѓе под 18 години со Ковид-19 (18 години, 15 години, 14 години и 8 години). Ниту еден пациент немал основна болест или имуносупресија. На пациентите не им беше потребен дополнителен кислород, интубација или интензивна нега. Ова се едноставни инциденти на Ковид-19.
Сепак, тие имаат многу „импресивна“ штета и не се знае што ќе предизвикаат овие штети на долг рок. За повеќето луѓе, прашањето е едноставно: Дали сакаат да ги подложат белите дробови на оваа штета за да видат дали можат да издржат? И ако можат да го издржат предизвикот (како што се очекува од повеќето млади луѓе), дали сакаат да видат колку години или издржливост изгубиле на патот? Со вакцината ги штитиме белите дробови од силен стрес!“.