Дополнително зајакнување на односите меѓу двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа е целта на посетата на Скопје и средбите со политичкиот врв, на алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, соопштуваат од грчкото МНР, јави МИА од Атина.
Анагностопулу вечерва ќе пристигне во Скопје, а во текот на утрешниот ден ќе оствари средби со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
Во грчката делегација ќе бидат и пратениците Теодора Ѕакри и Јоанис Сифакис, како и Генералниот секретар за европски прашања и други службеници од Министерството за надворешни работи на Грција.