Група на грчки хакери кои себе си се претставуват како „Моќната грчка армија“ пред 2 дена го хакирале македонското Министерство за образование.
Досега од Mинистерството за образование нема никакви податоци за хакерскиот напад, ниту за тоа дали некои фајл е уништен или корумпиран и дали можеби хакерскиот напад се уште е во тек.
Од она што го споделува профилот на Твитер „Моќна грчка армија“ хакерскиот напад бил пренесуван во живо од страна на грчките хакери.