Штета на грчкиот државен здравствен фонд во висина од околу 12 милиони евра нанеле 32 лекари и 62 аптеки преку незаконско препишување рецепти, а изречени се казни од 98.500 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Националната организација за обезбедување здравствени услуги (ЕОПИИ), односно грчкиот државен здравствен фонд соопштија дека на одржаниот состанок, меѓи другото, Управата за фармација ги презентирала резултатите од контролните проверки за прекршувањата во октомври.
Поконкретно, биле проверени 32 лекари и 62 аптеки, при што била утврдена штета од околу 12 милиони евра, а изречени се и парични казни во висина од 98.500 евра.
Исто така, на состанокот било соопштено дека следуваат нови контроли на десет лекари и 80 аптеки вклучени во три предмети на финансиската полиција за кои била информирана организацијата.
Во септември минатата година грчката полиција разби две различни криминални организации и уапси 16 лица меѓу кои и лекари и фармацевти за измами во висина од 3,5 милиони евра на товар на Националната организација за обезбедување здравствени услуги на Грција.
Фото: Архива




