Ја повикуваме Албанија да се врати во насока на напредок, а не на назадување, за да продолжи нејзиниот интеграциски процес, соопшти од грчкото Министерството за надворешни работи, додавајќи дека Атина очекува од Тирана гарантирање на „правото за самоопределување“ и спроведување на законот за имоти за малцинствата во земјата.
Како што јави МИА од Атина, во соопштението на Министерството се нагласува дека Грција работи на подобрување на билатералните односи и цврсто го поддржуваат процесот на пристапување на Албанија кон Европската Унија, откако ќе бидат исполнети потребните услови.
– Како и што е јасно од соодветниот извештај на Европската комисија, почитувањето на правата на грчкото национално малцинствата е директно поврзано со европската перспектива на Албанија и е нераскинлив дел од петте главни приоритети за почеток на пристапни преговори за членство на земјата во ЕУ, чие исполнување ќе го разгледа исклучиво Европскиот совет. Во овие рамки очекуваме целосно гарантирање на правото на самоопределување на малцинствата на целата албанска територија, мерка која Албанија се обврза да ја исполни до мај 2018 година, како и на спроведување на законот за имотите, со цел и припадниците на малцинството да ја добијат право на сопственост, се наведува во соопштението.