Привремената забрана за летови од Италија, Шпанија, Турција, Велика Британија, Холандија и Германија кон Грција и обратно е продолжена за еден месец, односно до 15 мај 2020 година, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од забраната, воведена заради заштитата од ширење на Ковид-19, исклучок се само пристигнувања и заминувања од и кон Германија од атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, но и карго летовите, хуманитарните летови, летовите што носат медицински материјал, воените летови и сл.

Паралелно се продолжува и привремената забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, односно граѓани од земји кои не се членки на Европската унија.