Владата на Грција, согласно заедничката позиција на ЕУ, одлучи да го признае Хуан Гуаидо за времен претседател на Венецуела кој треба да распише слободни, фер и демократски избори, соопштуваат од грчкото МНР, јави МИА од Атина.
Од Министерството за надворешни работи на Грција велат дека грчката Влада ги поддржува напорите на ЕУ, особено во рамки на Меѓународната контакт група за кон и преку специјалниот претставник Енрике Иглесиас за „постигнување мирно, политичко и демократско решение на кризата како резултат на преговорите во корист на народот на Венецуела”