По 21 ден, откако барањето одново ќе се разгледа во судот во Волос со одлука на Врховниот суд на Грција, Димитрис Куфодинас вчера го прекина штрајкот со глад започнат на 2 мај, јави МИА од Атина.

Според Јоана Куртовик, адвокатката на еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“ и осуден на 11 доживотни казни, Куфодинас смета дека одлуката на Врховниот суд е „важен чекор за обезбедувањето на правото на дозвола за сите затвореници“.

Куротвик вели дека Куфодинас побарал да им се пренесе благодарност на „сите кои му изразија солидарност, на лекарите и на персоналот во болницата во Волос“.

Лидерот на „17 Ноември“ и понатаму ќе остане да се лекува на одделот за интензивна нега во болницата за постепено да почне да се храни, но и да се движи.