Црвените линии се централната тема во спотот, но и на новото лого на Независни Грци, коалицискиот партнер во грчката Влада, која денеска го објави, а пораките што се упатуваат од дел од грчките медиуми се толкуваат како збогување и најава за повлекување од владата, јави МИА од Атина.
-Црвените линии се нашата гордост. Црвените линии ја пишуваат нашата историја. Црвените линии ги почитуваат нашите предци. Црвените линии се независноста и нашата сила. Независни Грци, сега, порешителни од било кога, е пораката во спотот објавен од партијата на Панос Каменос.
Како што претходно објавивме, состанокот на пратеничката група на Независни Грци е одложен за утре или за задутре.
Додека пак сите погледи за иднината на грчката коалициска Влада се насочени кон средбата закажана за петок на Алексис Ципрас и Панос Каменос