Противпожарната служба на Грција соопшти дека денеска беа пронајдени телата на двајцата мажи кои од четвртокот се водеа за исчезнати, откако автомобилот поради обилниот дожд во петокот бил повлечен од поплавените улици, јави МИА од Атина.
Во возилото била и една жена, чие тело беше пронајдено вчера.
Несреќата се случи во населбата Кератеа во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во четвртокот кога 68-годишниот маж, неговата 66годишна сопруга, заедно со нивниот сосед кој се понудил да ги пренесе со неговиот автомобил, тргнале на пазар, но ги зафатило надојдена вода.
Телото на жената беше пронајдено вчера во возилото, додека пак денес противпожарната служба, како што објавија грчките медиуми, во речно корито на 15 километри од местото каде што бил повлечен автомобилот од водата, било пронајдено телото на возачот, а на околу 10 километри бил пронајден мртов и вториот маж.