Од утрово, вработените во државните болници во цела Грција започнаа 24-часовен штрајк, организиран од нивната федерација, поради состојбата во грчкото здравство, јави МИА од Атина.
– На јавното здравје потребни му се инвестиции во човечките ресурси, медицинска опрема и инфраструктури за да прекинат луѓето од нивниот џеб да плаќаат учество или да ги плаќаат сите трошоци, велат од грчката Федерација на вработени во државните болници.
Тие коментираат дека ситуацијата во приватниот сектор „цвета“ поради недостигот на болнички персонал и медицинска опрема во државните болници. Врз основа на податоците од Министерството за здравство на Грција, од федерацијата истакнуваат дека персоналот во болниците, моментно е за 6.000 лица помал во споредба со 2014 година.