Непознати сторители во Грција вчера запалиле албански туристички автобус што бил паркиран во близина на плоштадот Караискаки во Пиреа.
Како што објави АНА-МПА, пожарот се случил пред пет часот изутрината.
Две противпожарни возила и шест пожарникари реагирале на повикот и го изгасиле огнот, но автобусот е целосно уништен.
Се претпоставува дека пожарот бил подметнат.