За само една седмица, од 4 до 10 февруари, во Грција биле регистрирани 17 нови случаи на починати од грип, со што бројката достигна 56 лица, според последните податоци од грчкиот центар за контрола и превенција од болести, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 56-те починати лица, 39 се мажи, 17 жени, а 49 луѓе се лекувале на интензивна нега.
Во истиот период од една седмица, 40 лица биле хоспитализирани во одделите на интензивна нега во грчките болници, а вкупниот број на регистрирани и потврдени случаи на заболени од грип се искачи на 226.