Грција во вторникот го повика премиерот на „Северна Македонија“ целосно да го спроведе договорот од Преспа за името на земјата во сите контексти, вклучително и меѓународните спортски настани, пишува денеска англиското издание на „Катимерини“.

Весникот исто така дознава дека Атина ја одложува планираната ратификација во парламентот во јули на три меморандуми за соработка со меѓу двете земји до септември, а можеби и подоцна.

Ова, вели „Катимерини“ е одогвоор на Атина на твитот на Зоран Заев во кој „премиерот на Северна Македонија“ се обрати до фудбалската репрезентација на неговата земја, која учествува на Европското првенство 2020, како „Македонија“, изоставувајќи да каже „Северна“.

„Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух и го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено при такво чувствително прашање како што е фудбалот“, рекол владиниот портпарол Аристотелија Пелони, пренесува Катимерини.

„Во секој случај, добрата намера за спроведување на Договорот е еден од критериумите за пристапување на земјата во Европската Унија“, истакнала таа.

Меморандумот за соработка е одложен, наводно, за да може Заев да разбере дека има некои обврски што не може да ги игнорира.

Постои и друга индикација дека Владата (на Грција, н.з.) зазема цвсрт став кон престапите на „Северна Македонија“ во врска со Договорот за името. Тоа е одлуката на Пелони да ги потсети новинарите какви се’ несогласувања имала Нова демократија кон Договорот од Преспа, кој беше потпишан од претходната Влада на СИРИЗА во 2018 година.

Поконкретно, таа рече дека главните забелешки на сегашната владеачката партија се однесуваат на прашањата за јазикот и идентитетот, кои од неодамна често доаѓаат до израз.

Владата јасно ја истакна својата намера дека сака да го спроведе Договорот и покрај првичното спротивставување на Нова демократија. Но, од друга страна, исто така, јасно става до знаење дека нема да замижи пред, како што смета, измешаните сигнали што доаѓаат од Скопје во врска со неговите намери за целосно спроведување на Договорот.

Катеимерини вели дека присуствувајќи на натпреварот меѓу „Северна Македонија и Холандија“ во понеделникот во Амстердам, Заев објави на Твитер: „Денес, од стадионот во Амстердам, ја нудам мојата силна поддршка за македонската фудбалска репрезентација“.