Со поставената блокада и паркираните камиони и трактори, од понеделникот, во близина на градот Лариса, затворен е автопатот Солун -Атина во двата правци, а сообраќајот е пренасочен по споредни и локални улици.
Земјоделците од цела Грција, в недела напладне ќе одржат состанок, на кој ќе разговараат за следните чекори и ќе донесат одлука за блокадите и протестите. До тогаш, не се откажуваат од нивните барања.
– Комитетот на блокадите од цела Грција ги повикува земјоделците и сточарите да ги засилат блокадите за како оружје да ја имаме поддршката и солидарноста за да го зајакнеме притисокот кон владата и да ја принудиме да ги задоволи нашите праведни барања, соопштуваат земјоделците.
На автопатот Солун – Атина, во близина на Лариса се наоѓа најголемата блокада, а слични такви има на уште 13 различни места низ цела Грција.