Зоран Заев вели дека по грешка на Твитер напишал македонска фудбалска репрезентација.
Тој на Економскиот форум во Скопје, рече дека погрешил, одговарајќи на веста што грчките власти замерија дека не се користи уставното име и најавија дека ќе ги замрзнат трите меморандуми.
Заев рече дека е нормално да се направи грешка, меѓутоа, како што додаде, земјата е посветена на Преспанскиот договор, бидејќи носи бенефит за граѓаните на двете држави.
– Тоа е точно со Договорот од Преспа, но тоа не е причина да се одложат договорите и меморандумите во грчкиот парламент затоа што чекавме две години за овие договори и меморандуми во грчкиот Парламент и можеме да почекаме уште три месеци… Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години и да го повторувам понекогаш, но секако продолжуваме да се посветуваме на тоа бидејќи Договорот од Преспа носи придобивки за нашите граѓани, рече Заев.
За грчката рекација повеќе на следниот линк: