Шефицата на Агенцијата за азил на ЕУ, Нина Грегори, изјави дека очекува во Унијата континуирано да расте бројот барања за азил.
„Прилично е јасно дека во догледна иднина ќе се бележи зголемен број барања“, рече Грегори, директорката на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA) во интервју за германската медиумска групација „Функе“.
Нестабилноста и заканите за човековата безбедност беа карактеристики на денешниот свет, рече таа, изразувајќи жалење што таквите појави не се привремени.
„Геополитичките случувања во последните две години имаа директно влијание врз потребата од меѓународна заштита, што доведе до зголемено раселување во земјите на ЕУ“, рече Грегори.
Таа појасни дека меѓу јануари и октомври оваа година во ЕУ се поднесени речиси 790 илјади барања за азил, што е зголемување за 54 отсто во споредба со истиот период минатата година. Сепак и овие високи бројки се под нивоата за време на големиот мигрантски бран од периодот 2015-2106 година.
Според EUAA, најмногу баратели на азил дошле од Сирија, Авганистан и Турција. Воените бегалци од Украина не мора да поминат низ долга процедура за азил во ЕУ. Тие добиваат привремена заштита уште од самиот почетокот на руската инвазија на Украина. Според Грегори, нивниот број е 4,7 милиони.