Бранот на грип што ја погоди Германија, резултираше со вкупно 79.263 случаи потврдени во лабораториски тестови од есента, а околу половина од нив во изминатите две недели. Тоа го соопшти денеска германската федерална агенција за контрола на болести, јави ДПА.
Според извештајот на Институтот „Роберт Кох“ во Берлин, 130 луѓе починале како резултат на инфекција со вирусот на грип оваа сезона. Вкупно речиси 13.300 луѓе се хоспитализирани.
Институтот нагласува дека пријавените случаи биле само дел од сликата.
Во бранот на грип во зимата 2017-18 година, 10 милиони пациенти се јавиле кај своите матични лекари, велат од институтот.
Болниците и училиштата беа главни за ширење на инфекцијата, наведува институтот.