Изминатава седмица во Грција биле регистрирани 17 нови смртни случаи од грип, со што бројот на починати од почетокот на сезонава се искачи на 91, покажуваат податоците од грчкиот Центар за контрола и превенција од болести.
Според истите податоци, како што јави МИА од Атина, иако нема намалување на смртните случаи од грип на седмично ниво, сепак во периодот од 18 до 24 февруари, намален е бројот на заразени лица во споредба со претходната недела.
Од Центарот за контрола и превенција од болести и понатаму советуваат дека вакцината против грип е најдобриот начин за заштита.