Иднината на Македонија е гарантирана и таа е европска, друга алтернатива немаме, патот до ЕУ е долг и тежок, но придобивките се огромни, истакна членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска.

– Трибина Силно и одлучно кон иднината во Зелениково: СДСМ им помага на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ прави хаос и блокади. СДСМ е консолидирана партија, која го слуша гласот на народот и континуирано на дело покажува што значи вистинска гржа за граѓаните, особено во ова време на тешка економска и енергетска криза, нагласи организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески. Иднината на Македонија е гарантирана и таа е европска, друга алтернатива немаме, патот до ЕУ е долг и тежок, но придобивките се огромни, истакна членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска, објави вечерва СДСМ на својот профил на Фејсбук.

Владејачката партија се води како мотото некогашиот лидер на СФРЈ, Јосип Броз Тито: Одиме на трибини како дека утре ќе има избори, а живееме во надеж дека ќе ги дочекаме на власт редовните во 2024 година.