Забелешките и коментарите на САД и ЕУ во врска со изгласаните измени на кривичниот закон се од суштинско значење, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, пред денешната тркалезната маса на тема „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“.

– Јас кажав дека членот за проширената конфискација е член кој дојде од мојот кабинет. За другиот дел изразив резерва. САД се наш стратешки партнер и за мене ќе биде суштински нивниот коментар и забелешка за овие законски измени. Исто така и со забелешките на ЕУ, изјави Грковска во одговор на новинарско прашање за изјавата на амбасадорката на САД Анџела Агелер дека американската администрација ќе ги разгледа измените на Кривичниот закон.