Откако ги дочекаа ракометарите на Вардар во Белград со грчко знаме, навивачите на Партизан, Гробари уште повеќе ја испровоцираа цела Македонија, со паролата што ја истакнаа на вечерашниот меч, патем скандирајќи навредливо – Стара Србија, никад Македонија.
Гробари истакнаа парола со жестока навреда кон цела Македонија, посочувајќи дека зборот Комити е српско име, а Гоце Делчев Бугарин…
„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари.
Вардар го дели само уште еден натпревар од заверка на првото место во групата од СЕХА-Газпром лигата сезонава, и „црвено-црните“ ќе бараат нов триумф на гостувањето во Белград кај Партизан, вечерва во СЦ „Вождовац“.
Вардар во моментов е првопласиран на табелата во Б групата, пред Татран Прешов и Партизан. Со триумф, вардарци сигурно ќе бидат првопласирани.
Во првиот меѓусебен дуел сезонава на Вардар и Партизан, победи македoнскиот првак со 31-26. Сега следува реваншот, со што Вардар ќе ги заврши натпреварите во групната фаза.