Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека кулата за ладење во украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од Русија, е тешко оштетена во пожар и најверојатно ќе мора да биде урната.

– До денеска не успеавме да стигнеме до оваа точка, високо во кулата, но денеска можеме на многу подобар начин да ја процениме штетата. Оваа голема градба не е употреблива во иднина, па најверојатно ќе биде урната кога тогаш, посочи Гроси.

На 11 август избувна пожар во кулата на Запорожје, а Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат дека го предизвикале пожарот.

фото: ЕПА