Во Гостивар е убиена 60-годишна жена, а осомничен е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого подолго време имала нарушени односи.
Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Осомничениот во моментот е недостапен за органите на прогонот.
Случајот е пријавен утринава околу 7 часот од страна на синот на жртвата.
Од Јавното обвинителство соопштија дека обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар заедно со крим техника извршил увид на местото на убиството.
Издадена се наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место, кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, како и наредба за обдукција на телото на починатата.
Познат идентитетот на убиената, осомничениот во бегство
Познат е идентитетот на убиената гостиварчанка. Станува збор за Џ.И. од населбата Бањешница, а осомничен е нејзиниот 67-годишен сопруг Џ.И, кој е во бегство.
Случајот го пријавил нивниот 33-годишен син, кој утринава околу 6 часот ја нашол убиената во спалната соба со повреди по телото. Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото.
Соседите околу 06:30 часот слушнале викотници по што дошле полициски службеници.
Настанот ги вознемири соседите и Бањешница
Шеесетгодишната гостиварка Џ.И. утрово е најдена мртва во семејниот дом со повеќе рани од остар предмет. Осомничен е сопругот, 67-годишниот Б.И. по кој полицијата трага.
Настанот видно ги вознемири повеќето соседи во гостиварската населба Бањешница кои од утрово се обидуваа да разберат што се случило во нивна близина. Повеќето беа зачудени од настанот, бидејќи како што рекоа, биле сосема нормални луѓе и ништо не навестувало дека утрово ќе има трагичен исход.
Од СВР Тетово информираа дека В.И. (30), син на починатата, утрово околу 06:40 часот пријавил дека на креветот во спалната соба ја пронашол неговата мајка без знаци на живот и со повреди по телото. По пријавата, екипа од полициски службеници и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар извршиле увид, во координација со екипа на крим техника од МВР.
Засега не е познато што довело до трагедијата, но неофицијално станува збор за расправија поради нарушени меѓусебни односи.
Во меѓувреме еден од соседите за МИА изјави дека, осомничениот, непосредно по настанот побегнал и дека се јавил во полиција. Тој рекол дека наскоро ќе дојде да се пријави. Од СВР Тетово не можеа да ги потврдат овие наводи и самопосочија дека осомничениот по извршеното кривично дело е недостапен и се спроведуваат активности за негово обезбедување.
Издадени се наредби за обезбедување и прибирање на траги за натамошно вештачење и за обдуција на телото.
фото: МИА