Наш заеднички повик е да се обединиме околу националните и европските идеали на Али Ахмети, изјавил синоќа вицепремиерот Артан Груби на партиски собир на ДУИ во скопската населба Чаир.
Според неговите зборови, „нема веќе војни и нема да има потреба од маченици, бидејќи тие си ја завршија работата во 2001 и 1998 година“.
-Ветеранот со сопствената битка во ОВК, а сега да го продолжи патот што го трасираа со најскапо – крв и живот. Наша должност е да го направиме тој сојуз. Да се обединиме со Приштина, да ја обединиме Тирана, да ги отстраниме границите меѓу нас, да ги асфалтираме автопатите и да го подобриме животот за сите, рекол Груби, пренесоа медиуми од собирот на ДУИ.