Почитувани, денеска патував во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство, објави на Фејсбук бившиот прв вицепремиер на Македонија, Артан Груби.
На оваа негова објава коментираше извесна Анета Кировска „со поддршка и емотикон срце“ за Груби, а друг корисник на Фејсбук ја прашува: „Aneta Kirovska а за што го поддржуваш знаеш ли или…?
Како што денеска објавивме, МВР изврши претрес и во домот на Груби и други лица осомничени за криминал во Лотарија на Македонија. Бившиот вицепремиер не бил дома за време на претресот.
Груби освен што е на црната листа на САД, сега е и на листата на МВР како осомничено лице кое се бара пред лицето на правдата.
Премиерот Христијан Мицкоски, за ТВ21 изјави дека Груби заедно со уште едно лице ја напуштил Македонија и заминал во Косово. Тој тоа го сторил со возило со дипломатски таблици.