ВМРО-ДПМНЕ прво треба да победи на избори за да нуди манадтар, возврати Артан Груби, откако опозицискиот лидер излезе со предлог Африм Гаши да биде на чело на преодна влада што би се формирала со цел да има предвремени избори до јуни

Од Алијансата за Албанците, пак, се согласуваат нивниот довчерашен коалициски партнер од Алтернатива да биде премиер откако премина во владејчкото мнозинство

ВМРО -ДПМНЕ за да предложи премиер прво мора да победи на предвремени парламентарни избори. Предлогот за премиер на преодната влада го дава ДУИ, поточно лидерот на партијата Али Ахмети. Вака денеска првиот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го коментираше предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – Африм Гаши да биде премиер на преодната влада што би се формирала за до јуни да се одржат предвремени парламентарни избори.