Премиерот на владата Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер на владата и министер за политички систем и односи за заедниците Артан Груби се со најлоша оценка од граѓаните покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ спроведена на 1208 испитаници во период од 8 април до 4 мај 2023 година.
На прашањето кои тројца министри во Владата не си ја вршат својата работа како што треба дури 11 проценти од граѓаните сметаат дека тоа е првиот вицепремиер и министер Груби, додека веднаш по него со најлоша оценка или 9 проценти е премиерот Ковачевски, а како трет е министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Додека пак 34 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека сите министри во владата на СДСМ и ДУИ не си ја вршат својата работа како треба.
За вицепремиерот Груби анкетата на ИРИ е релевантна со оглед дека на својот официјален фејбук профил го објавил резултатот од анкетата, но само каде што стои дека Демократската унија за интеграции е убедливо прва во албанскиот политички кампус, како и дека Али Ахмети е најподржуван лидер. Но, не објавил дека токму него граѓаните го оценуваат како еден од тројцата министри во владата кој не си ја врши својата работа како што треба.