Вицепремиерот Артан Груби објави резултати од последната анкета, од која се гледа дека СДСМ, ја губи поддршката од граѓаните.
Според графиконот што гообјави Груби, ВМРО-ДПМНЕ има предност 10,5 проценти, но за Груби е важно тоа што ДУИ има предност во албанскиот блок.
– И во последната анкета, како и во сите останати, самоуверено одиме напред со вашата голема поддршка!- објави Груби на својот профил на Фејсбук.
Анкетата е направена на почетокот од јуни со 1.200 испитаници.
Тоа значи дека анкетата е правена пред градоначалникот на ДУИ, Рамиз Мерко да се најде на црната листа на САД.