Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман.
Тој пред да ја затвори расправата рече дека поради тоа што имало многу пријавени за збор, одлучил да ја прекине расправата бидејќи поради дадениот рок за завршување, и онака нема да може сите да дискутираат.
Расправата според Деловникот требаше да заврши денес на полноќ бидејќи беше со скратена постапка и со европско знаменце. Таа беше отворена вчера попладне на која немаше диксусија. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека вчера Груби ја отворил расправата само за навреме да ја исполни својата агенда, односно побргу да ја затвори расправата. Пред започнувањето на вчерашната расправа ВМРО-ДПМНЕ поднесе 401 амандман. Првиот амандман беше отфрлен, а другите останаа неразгледани.
Денешната расправа помина со многубројни паузи, навреди и дебата за политиките на двете партии.