Се надевам дека ќе се најде начин не само дел од пратениците туку цела ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени и да одиме напред, вели вицепремиерот Артан Груби.
Тој е дециден дека на вчерашните средби со Ескобар воопшто не се разговарало за предвремени избори, туку само за успешно завршување на уставните измени.
Груби изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ „ќе се надмине себеси“:
– Имаме контакти, средби со партијата се гледаме во Собранието секојдневно се обидуваме да ги убедиме. Јас знам, длабоко сум убеден ги познавам и тие сами знаат дека ова не и прави ништо лошо на нашата заедничка држава. И се надевам дека ќе се најде начин не само со дел од пратениците туку со цела ВМРО-ДПМНЕ да одиме напред, а потоа, ако сакаат можеме истиот ден да го распуштиме Собранието и да одиме на предвремени избори уште на самиот ден кога ќе гласаме за уставните измени. Исто подготвени сме да дадеме сите оставки, веќе ги дадовме, ги поднесовме до премиерот и се откажавме од идејата да имаме прв Албанец премиер на Владата на РС Макеоднија само да ја видиме зачленета во Европска унија, изјави Груби.