Артан Груби му фрли ракавица на првиот опозиционер Христијан Мицкоски, доколку до следната недела државата не плати пенали за „Бехтел и Енка“, неговите пратеници да ги гласаат законите во Собранието кои се на барање на компанијата што треба да ги гради коридорите 8 и 10д, а меѓу кои е и тој за 60 работни часа неделно за работниците кои ќе работат на автопатите.
Груби во фејсбук пост и порача на опозицијата дека блокадата во Собранието не може да ја запрат градбата на автопатите, туку само како што вели да ја поскапат и пролонгираат.
– Еве еден предизвик до нив, ако до 6 мај не се исплатат тие средства што ги бара опозицијата, кои патем речено, требаше да се исплатат до 22 април според нив, тогаш нека ја тргнат блокадата на законите за олеснување на процедурите и забрзување на изградба на автопати. – рече Артан Груби прв вицепремиер и координатор на проектот за коридорите.
Од партијата на првиот опозиционер пак со контра предизвик.
– Еве еден предизвик за Артан Груби, нека го објави договорот јавно до втори Мај, а доколку до крај на реализацијата не се исплатат пенали на изведувачот ќе му купиме торта иста како што тој му купи на Али Ахмети, но ако се исплатат пенали затоа што потпишал договор со антиуставни клаузули веднаш Јавното Обвинителство кое тој го контролира да покрене обвинение за ограбување на векот, а судот да го осуди на доживотна казна затвор. Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. – возвратија од ВМРО-ДПМНЕ.