Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ проговори за двојните стандарди кои ги има ЕУ кон земјите од регионот.

Тој ја спомена Македонија и она што и го прават Грција и Бугарија а Брисел сето тоа го толерира и одобрува.

“Грција 20 години се бунеше ако на масата пишува „Македонија“ наместо “поранешна југословенска република Македонија“. Гледајте што им прави Бугарија не им дозовлува да почнат преговори со ЕУ. И нив никој не им замерува или има нешто против-посочи Дачиќ за ТВ Пинк.

Тој проговори и за гласањето за прием на Косово во Советот на Европа и ставот кои го имаа неколку земји. Тој рече дека е посебно разочаран од однесувањето на Украина, Босна и Херцеговина, Грција и Црна Гора. Овие земји гласаа воздржано што е речиси исто како да гласале за прием на Косово во СЕ.

Дачиќ е посебно разочаран од ставот на Грција која е една од петте членки на ЕУ која не го признава Косово.

Згора на тоа министерот за надворешни работи Дендиас неодамна кога беше во Белград беше на слава кај претседателот Вучиќ. И јас бев таму-потсети Дачиќ на „Пинк ТВ“.