Под изговор дека Албанците економски многу се зајакнуваат, пет моќни македонски економски олигарси работат на отстранување на ДУИ и Албанците од власт. Ова го изјави првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата на РТВ21. Според него, тие се плашат дека ќе им се наштети на нивниот бизнис и интереси.

-Албанците го зедоа својот дел и некои македонски олигарси, вкупно петмина кои ја држат речиси целата економија на земјата поради транзицијата и приватизацијата на државните компании во времето по независноста. Тоа им пречи затоа што велат дека Албанците многу економски се зајакнуваат. И тоа ги кочи затоа што оценуваат дека со растот на Албанците и нивното економско зајакнување, освен од аспект на етничките права кај нас, ќе им наштети на нивниот бизнис, ќе им наштети на нивните интереси и велејќи дека државата се отуѓува-рече Груби.

Според Груби, овие олигарси напорно работат на тоа државата да ја водат само Македонците, односно ВМРО и СДСМ или да им се приклучи некоја новоформирана албанска партија.

-Измислија неодржана теза дека државата ја управуваат Албанци. Дека премиерот е всушност Артан, дека е Али Ахмети, дека е ДУИ и не владеат Македонците туку владеат Албанците. Дојде време да им кажеме НЕ на Албанците! Треба да управуваат Македонци, да направиме чиста македонска коалиција. Двете главни партии, конзервативната ВМРО и СДСМ, да ги оставиме Албанците на страна или да најдеме Албанец со новоформирана партија, со нови партии, повластен Албанец-изјави Груби.