Мораме заедно да одиме напред, изјави синоќа вицепремиерот Артан Груби, кој беше гостин во емисијата Клик Плус на ТВ 21, во која говореше и за неговото присуство на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на Специјалната единица Тигар.
Груби рече дека е време за помирување.
– Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари на некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци. Тоа е добро, покажуваме дека државата е заедничка на сите што живееме тука, изјави Груби.
Тој додаде дека во минатото имало Албанци во единицата, но дека тие сами се откажале.