Никола ГРУЕВСКИ
Ако целта беше тоа, имаме маестрален пад на новородени деца во Македонија и на трето дете во семејство по операцијата за смена на власта и инсталирањето на нова власт и политики. Неверувам дека освен во времиња на големи војни има сличен пример на вистински погром на демографијата било во која земја во светот и било кога. За оние кои немаат отпор за анализа на графикони и табели, погледнете ги двете фотографии подолу за веднаш се да стане појасно.
Владата која ја предводев имаше политики во делот на демографијата за кои статистиката прецизно и многу очигледно покажува и непобитно докажува дека дадоа солиден резултат. Укинувањето на тие политики од актуелната власт, проследено со разочарувањето, чуството на безперспективност и апатијата која ја донесоа нивните политики, безредието, криминалот и сиромаштија, што директно предизвика и раст во иселувањето, доведе до вистински погром во делот на демографијата, и тоа за мошне кус период од четири години и тоа помеѓу 2018 година и 2021 година. Податоците за 2022 година сеуште не се излезени а трендот најавува уште полоши односно рекордно најлоши резултати во делот на новородени живи деца. Со други зборови, власта е пред рушење на својот сопствен рекорд во негативни трендови, поточно погромот во демографијата.
А сега конкретно…
Од околу 24.300 новородени живи деца во 2010 година, две години по воведувањето на стимулативни те владини мерки за повеќедетни семејства, бројката е сведена на околу 18.650 родени деца во 2021 година.
Тоа се речиси 6 илјади деца помалку годишно кои се раѓаат годишно или околу цели 25% помалку.
Една четвртина помалку деца се родиле во 2021 година одколку во 2010 година кога во полн ек се мерките на тогашната влада за стимулирање на повеќедетни семејства.
Слично е и во делот на добивање трето дете во семејство.
Од околу 3.340 деца, родени како трето дете во семејство во 2014 година бројот на третородени деца во семејство падна на околу 1.800 во 2021 година, со неверојатен пад од околу 46% или речиси на пола преполовено.
Ќе потсетам дека во делот на трето дете владата предвиде и внесе во Законот обврска за исплата на износ во висина на тогашната минимална плата колку што истата беше во тоа време, и која требаше повремено да се корегира нагоре како што ќе растеше минималната плата.
Новодојдената власт на СДСМ во 2017 година, брзо по доаѓањето на власт ја укина оваа мерка со образложение и лажна пропаганда дека мерките кои владата која ја предводев не биле ефикасни и биле скапи и даде јавно верување дека тие ќе воведат подобри и попаметно обликувани мерки за истата цел. Ги укинаа и оние сосема мали но значајни мерки за дестимулирање на одлуки за абортус од типот мајката да расмисли 2-3 дена пред носењето конечна одлука за абортирање што секако остана целосно нејзино право и да има обврска да го слушне на ултразвук срцевото чукање на фетусот пред да ја донесе конечната одлука, мерки кои ги воведовме по извршена анализа на студии направени на светски најнапредни универзитети во светот кои покажаа дека и двете мерки даваат значителен придонес кон одлуката мајката да го задржи подот а сепак да остане правото на нејзин и само нејзин избор.
Се укинаа и оние емиси на јавниот сервис од типот “Време е за бебе” и слични на нив кои одеа во иста насока а нема веќе ни поевтини станови преку ПУИК за млади брачни парови бидејќи освен она започнато што се доврши, нови градби речиси и да нема. Го нема ни проектот “Куќа за млади до 35 години”.
Беа воведени и одредени даночни стимулации, предности при одредени кампањи за вработување во јавниот сектор на родители со три деца, а во законот имаше и одредба да секоја мајка која ќе роди и исчува четири деца, ако заради некоја причина на 62 години нема доволен работен стаж за пензија, пензионирањето да и биде овозможено доколку побара. Оваа последната мерка ја предложив и ставив на дискусија во владата по еден разговор на темата за стимулирање на повеќедетни семејства со ватиканскиот кардинал во Босна и Херцеговина, етнички Хрват,Винко Пуљиќ во Охрид на светската меѓу религиска конференцијата која секои три години се одржуваше наречена “Дијалог на цивилизациите”, која “се разбира” и таа ја укинаа.
Еве ги резултатите од попаметната и подобра власт”. Резултатот го гледаме во табелите и графиконите подолу.
Сето ова беше и многу други работи беа дел од онаа налудничава и глупава вештачки и со лаги креирана атмосфера која сеуште трае, со цел да се девалвира и поништи се што донела претходната влада која ја предводев како премиер и дека се што ние сме смислиле не чинело и било штетно, а тие ќе направеле подобро.
Видовме колку направија во сите области, а во оваа област имаме вистински погром, вистинска катастрофа.
Кога на ова ќе се додаде и бројот на иселени лица од Макеоднија кој во последните 5 години е три до четири пати поголем од претходно, пред се заради секојдневните неправди, измамите и лажењето кои станаа нормална работа, криминалното владеење и корупцијата, разочараноста на народот, чувството на безперспективнос, долготрајната апатија, слабата економија, сиромаштијата и животен стандарди, многу лесно можеме да предвидиме како ќе изгледа Македонија после 10, 20 или 30 години на овој план.
Спротивно на ова, Република Унгарија иако нешто подоцна воведе ваков вид на стимулирачки мерки, во меѓувреме не само што не ги укина, туку ги разви и надгради на уште повисоко ниво, па така уште пред неколку години покрај финансиски и даночни стимулации секое ново семејство можеше да добие поволен станбен кредит, а потоа и отпис на станбениот кредит во износ од 35 илјади евра кога ќе добијат трето дете, и тоа една третина отпис на кредитот по добиено прво дете, втора третина по добиено второ дете и последната третина отпис по добиено трето дете, и се разбира редица друго привилегии во правец на истата цел. Меѓудругото и затоа за разлика од погромот во новородени деца во Макеоднија, 2021 година заедно со 2016 година во Унгарија се родени најмногу деца годишно во последните 10 години, а фертелитетот (просечен број на деца родени од една жена во репродуктивна возраст) е 1,58 наспроти истото во Македонија кое е 1,37 исо што Македонија е со седма најниска стапка на континентот Европа.
Гледано внатрешно во земјата, национално или етнички, знаејќи ги приликите, перспективата на макеоднскиот народ е дополнително со полош тренд, во споредба со другите етнички заедници.
Речиси шест години по превземањето на власта и промената на политиките во демографската политика, во очекување на рекордно најлоши резултати за 2022 година, време е да се констатира дека со овие политики на оваа власт засилено ќе продолжи надолниот тренд популарно наречен депопулација. И време е за нови политики и фокус на ова прашање.