Еден ден кога ќе паднат како кула од карти, како што неодамна паднаа на локалните избори, никакви изнудени признанија на вина нема да може да ги покрие нивните валкани игри, злодела и вина за оваа досега незабележана политичка хајка во Македонија, вели поранешниот премиер Никола Груевски, во врска со денешното судење во Скопје.
Во продолжени ја објавуваме неговата реакција објавена на неговиот профил на Фејсбук:
Целта на власта и на јавното обвинителство е низ еден долгогодишен мачен судски процес на политички монтирани судски процеси, дел од политички таргетираните обвинети лица да бидат неправедно осудени а дел и затворени за констукции, за кои наместо докази се нудат претпоставки, незаконски обезбедени т.н. докази или уценети сведоци.
Исто така цел е дел од таргетираните неправедно обвинети, доведени до агонија од долгите и исцрпувачки судски процеси, некои од нив претрупани и со голем број конструирани судски предмети, од кои со години неможат нормално да функционираат, после долгогодишна борба и докажување на правдата, низ еден процес на нудење “пазар” од страна на обвинителството да бидат приклештени на правење штета на себе и потенцијално на други, а верувајки дека со тоа ќе одбегнат поголема штета, да се понижат и да се принудат самите да си признаат вина која ја немаат.
Вина која не постои!
Да имаа докази за нивна вина, немаше судењата по 5-6 години да бидат на самиот почеток. Немаше на овие луѓе да треба да им се закануваат со отворање нови судски случаи против нив, немаше да им нудат не започнување на нови конструирани случаи кои им ги најавуваат. Ниту пак ослободувања, ублажувања, преквалификации или повлекувања на дел на обвиненијата со иста цел, или условни казни за дел од актуелните конструирани случаи против нив.
И сето тоа со нудење пазар од типот: “ќе ти простам и нема да ти отворам два нови или ќе поминеш добро во два стари случаи кои ти ги измислив и за кои имам моќ и без докази да те затворам, ако признаеш дека си виновен во овој случај кое по којзнае кој пат почнува на почеток и за кое знам дека ќе ја загубам постапката пред меѓународните судови а следствено на тоа и пред домашните судови”.
Нудењето на “голем пазар” и остапки во барањето на висина на казната во овој случај како и остапките во други од конструираните случаи кон овие лица, како дел од пазарот на обвинителството, само за да изнудат признание на вина на дел од нападнатите, докажува дека тоа обвинителство не гледа перспектива во овие монтирани процеси и чуствува реален страв од пораз во иднина заради објективната ситуација на водење на политички судски процеси без реални докази и со фингирани обвиненија.
Обвинителството и власта со тоа што беа врбувале, ангажирале и задолжиле некои од обвинетите да ги убедуваат другите обвинети да се спогодат, да признаат вина и да добијат условни пресуди, не сакаа да им помогнат ним, туку себе и на власта.
По долги преговори и притисоци, убедување комбинирано со закани и нудење одстапки, или со “стап и морков” стратегија, денес се одржа однапред режирана седница во судот, од чии исход има најмалку правда и реална вина на оние кои ја признаа, а најмногу режии на политички судски прогони со долгорочни последици, од едно време кое никогаш не е видено на простор на Македонија.
Целта на ова обвинителството со овој чин е повеќекратна:
Прво, да се извлече од пораз пред меѓународен суд, но во дадена фаза и пред домашните судови од неможноста да завршат еден предмет кој по шест години е на самиот почеток и во кој сите до еден успешно шест години ја докажуваа својата невиност, па од потенцијално поразени да изградат перцепција на победници како обвинителство.
Лажни победници!
Второ, со ваквите изнудени признанија сакаат да ги прикријат актуелните криминали на власта, нудејќи и на истата власт аргументи за наводна борба против криминалот.
Сакаат да и овозможат на власта да објави некаков триумф дека нејзините политички противници на кои со години им врши тортура со политички мотивиран прогон сами си признале вина за наводно сторени кривични дела и во иднина да го користи тоа во секојдневната политичка битка со опозицијата.
Лажен триумф!
Трето, нивните изнудени признанија за вина во ситуација кога таа не постои, да се обидат да ги користат како аргумент во докажување на вината на останатите таргетирани и обвинети без вина, кои несакаат и одбија да прифатат себе понижување и прифаќање своја вина која објективно не постои, ниту пак потенцијално да наштетат на други лица и субјекти заради таквото признание.
Лажен аргумент! Изнуден со валкани методи!
Четврто да ги понижат обвинетите до таа мера да прифаќајки своја вина која не постои и која шест години аргументирано ја докажуваа, да направат една голема “флека” како за себе лично, така и за партијата, но и потенцијална штета на останатите неправедно обвинети во процесот.
Петто, обвинителството има за цел преку ваквите изнудени признанија на вина историски и правно да се обидат да ја покријат својата вина за една голема политичка хајка која ги има сите елементи на хајките на диктатурите и недемократските режими низ историјата. Еден ден кога ќе паднат како “кула од карти”, како што неодамна паднаа на локалните избори, никакви изнудени признанија на вина нема да може да ги покрие нивните валкани игри, злодела и вина за оваа досега незабележана политичка хајка во Македонија.
Ништо што ќе се пресуди во време на нивното владеење ќе нема значење во очите на мнозинството Македонци.
Народот во основа знае дека ова е хајка на недемократски режим кој беше инсталиран со задача да прифати нешто што мнозинството народ не го прифати, како што беше промената на името, на идентитетот и историјата. Знаат дека овој инсталиран режим безочно ги краде и секојдневно ги лаже, владее со контрола на судско-обвинителскоот систем, контрола најголем дел од медиумите или спроведува нивно држење во страв и врши политички прогон кон неистомилениците.
Судско решение за политички проблеми со кои се соочува државата со владеењето на оваа веќе делегитимирана власт нема, како што нема ни можност за заборавање на предавствата и поданичките политики на власта и замена за неспособноста со замајувања.
Очигледно е дека немаат друг план освен додека се власт, така да тераат, но еден ден ќе се соочат со вистината и правдата.
Историски гледано признанија на вина без вина, во приклештеност, агонија и под ваков притисок не им помогнала на оние кои ги правеле да се спасат од судот на историјата и од победата на вистината.
Од минатото и од историјата знаеме дека наслениците на оние кои 45 години владееја без демократски избори, со тортура кон оние кои и се спротиставија, со политички судења и затворања, поинаку не ни знаат да владеат.