Никола ГРУЕВСКИ
Денеска се два празника. Два големи празника.
Еден кај христијаните и еден кај муслиманите.
Денот на македонските и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои оставија неизбришлива и вечна трага во нашето просветлување и напредок.
Светци кои имаат најдиректно учество и огромен удел во нашиот идентитет, писменост, образование и култура.
Денес е и Рамазан Бајрам. Најголемиот ден за празнување на муслиманите.
Денес имаат причина сите да празнуваат и да си честитаат.
Религиите ни се различни.
Но, еден е Бог.
На овој значаен ден за сите, Бог нека ги уважи нашите најзначајни молитви за здравје, мир, слога, повеќе среќа и благосостојба во секој дом.
Честит Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед.
Честит денот на светителите “Св. Кирил и Методиј” за сите христијани од Македонија.
Денешната радост и слава нека се преточи во трајна зголемена сплотеност, повеќе меѓусебно разбирање и помагање како и посилен заеднички напредок.