НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Од се што се создавало како извозна индустрија во Македонија од секогаш па до 2007 година денес има еднаков вредност на извоз колку што е извозот на компаниите кои ги донесовме помеѓу 2007 и 2017 година во Македонија.
Осумдесет отсто од нив се во зоните, 20 отсто надввор од нив.
Вистинска штета е што новата власт по 2017 година не продолжи по истатата патека и со истата стратегија која беше поставена и успешно функционираше. Ако ние донесовме над 100 странски компании, со веќе постигнатото, имаше услови да се донесат уште 200 за следните 4-5 години и тоа ќе значеше невработеност од само 5-6 осто во Макеодниаја, што беше наша зацртана цел, и најмалку 50% а можеби и двојно повисок стандард од сегашниот, бидејки тогаш кога ќе снема работна сила по природен пат почнува да растат платитете на вработените насекаде, во услови кога понудата на работна сила е поголема од побарувачката.
Сега, за жал, странските компании не се задоволни во делот на грижа на државата по нивното влегување и почеток со производство во Македонија(after care). Сеуште се незадоволни и од издавањето работни дозволи за странци, нешто што и тогаш приговараа, но сега уште повеќе. Не се задоволни со исполнување на договорни обврски во делот на инфраструктурата во зоните или каде се сместени фабриките. Не се задоволни со предолгото неусогласување на царините со оние на ЕУ, посебно за електроника која доаѓа од Азија. Имаат многу други забелешки со министерството за финасии и УЈП, за сметководството, некои трошоци, бирократски процедури и сл.
Деновиве се објави нова фабрика на Дрекселмајер во Куманово. Првата фабрика на Дрекселмајер од Германија ја донесовме во Кавадарци во 2012 година и вработи над 6000 лица (приврмено заради пандемијата работат околу пет илјади лица). На нивното убедување и донесување работеше министерот Веле Самак, а финална работна вечера имавме во Минхен-Германија каде бев на службено патување и на кое присуствуваа покрај Самак и други владини министри. Уште некаде во 2014/2015 оваа фабрика отвори свој погон, во Куманово каде работеа ако добро се сеќавам со ФЗЦ/Детоит како Contract manufacturing и постепено бројот на вработени таму нарасна на околу 700 вработени. Мислам дека и сега објектот е на истата македонска фирма а опремата е на Дрекселмајер. Прават полупроизводи кои потоа се склопуваат во Кавадарци. Деновиве видов дека Дрекселмајер планираат да го прошират производството во Куманово и да дојдат до 1000 вработувања, што всушност е нешто одамна почнатошто сега ќе се надгради. Тогашната опозиција а денес власт не критикуваше дека станува збор за трудо-интензивна дејност и дека не требало да носиме такви, а денес гледам со гордост го потпишаа договорот со оваа фабрика за нејзините дополнителни вложувања. Затоа треба да се мисли кога се критикува. Многу потешко е да сработиш, да убедиш странски инвеститори да дојдат, а многу лесно е да омаловажиш и критикуваш.
Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ 1 Скопје, да објават дека планираат да одат во својата следна фаза на нивниот долгорочен план за инвестирање во Македонија и да објават градба на втора фаза(втора фабрика) на нивниот стратешки план за инвестирање во Македонија. Да потсетам дека од тогашната опозиција а денес власт бевме жестоко критикувани дека ,,фрламе пари за реклами на Си-Ен-Ен.
На отворањето на нивната прва фабрика нивниот прв човек во тоа време објави дека Македонија му го привлекла вниманието токму одкако ја видел една од рекламите на Си-Ен-Ен. Потоа тие не контактираа и Виктор Мизо заедно со нивниот прв човек во фабриката во Ќустендил, договорија средба во Милано во рамки на еден друг настан па по 10 дена додјоа на посета цел тим заедно со првиот човек на компанијата директно од Америка.
Сигурно сегашната власт ќе сака да си препише барем дел од заслугата за ова втора фаза (втора фабрика) на Кемет Електроникс, но добро е да знаат дека да не беше рекламата на Си-Ен-Ен тие денес немаа да имаат чуено за оваа американска фабрика. Затоа пак ќе кажам дека треба да се внимава кога се критикува.
И не само тоа. Презадоволни од третманот кој го добија во Македонија, т.н. ,,after care,,, нивниот претседател на УО се согласи да биде присутен на дури четири roud show-a и тоа во Детроит и Колумбус во САД, но допатува и во Сеул и Токио за да ја промовира Макеоднија пред други потенцијални инвеститори презентирајки ги своите одлични искуства во Македонија каде веќе имаа инвестирано пред повеќе од 300 претседатели на компании во овие градови. Така се работи тоа. Најдобра реклама е кога ќе даде позитивна изјава некој глобален магнат кој веќе инвестирал во земјата, во смисла дека е презадоволен од одлуката.
Со МАГНА имавме долги преговори во 2014/2015, ги водеше Виктор Мизо кој во минатото работел кај нив во Америка. Преговорите беа со дивизијата за електроника, за која договорот беше дека ќе инвестираат во Македонија после инвестицијата која веќе ја имаа испланирано во Мароко. Во Мароко ја изградија фабриката, но во Македонија каде во меѓувреме се смени власта нема ништо. Има можност и уште една трета дивизија да се привлече, бидејки основите се поставени, но се зависи од активностите на власта.
Потоа некаде во април 2017 година Виктор Мизо започна преговори со друга дивизија на Магна, за ретровизори за автомобили. Договорот го преговараше и го заврши целосно по што го предаде во владата, но веднаш потоа беше сменет од тогаш новата власт. Денес Магна гради фабрика во Охрид за ретровизори. Некаде во септември-октомври оваа година ќе почнат со тест производство во зоната во Охрид каде се гради фабриката. Сигурно нема да спомнат дека и таа фабрика им е резултат на активностите на поранешната власт која толку многу ја критикуваат.
И да не редам уште многу. Само ќе кажам, многу компании влегоа. И сега тие се во првите извозници на Македонија, но и многу се пропуштија и заминаа во други земји.
Влегоа: Џонсон Мети, Гентерм, Ван Хол, Кромберт и Шуберт, Костал, Аптив, Маркарт, АРЦ, Амфенол Технолоџи, Вик, ОДВ Електрик, Киел, Антура, Техникал Текстаилс, Витек, Кемет Електроникс, Леар, Чагатај Кабло, Џ.Сејфти Системс, Дрекселмаер, Адиенд Штип, Адиент Струмица, Кондево, Амфенол, Еипл Ленд и многу други, дел од нив и во земјоделие, многу т.н. кол центри и многу други.
Но, и многу пропуштени шанси имаме како земја.
Ние имавме почнато преговори со 300 нови фабрики кога заминавме од владата. Од нив 60 беа веќе во длабока фаза на преговори. Дел од нив влегоа во Македонија и по нашето заминување од власт одкако најголем дел или комплетно преговорите беа завршени, како на пример Чагатај Кабло, но дел си заминаа и отидоа во Србија, Бугарија, Романија и други земји.
Во пропуштени шанси се ФМ Итали(од сеќавање за името), Адиент планираа трета фаза, трета фабрика, заминаа во Србија, Аптив исто така во Србија. Во Србија влегоа и и други глобални лидери во своите дејности како ZF, Continental, Brose, Vorwerk autotec, Yanfeng, Leoni, Nidec, Barry Callebaut, Yazaki и многу други. Третата фабрика на Adient, на Македонија и замина ,,пред нос,, и отиде во Србија во Лозница. Слично и со Аптив (поранешен Делфаи). Кај нас една фабрика, во Србија три фабрики. Со многу од нив бевме веќе во преговори, а со оние кои не бевме сигурно ќе беа ,,нападнати,, од нас, но во Македонија дојде ,,животот,, и други приоритети.