За денешниот најнов „бомбашки напад“ од Специјалното јавно обвинителство, со „бомбите од Заев“, се огласи поранешниот премиер Никола Груевски. Тој преку својот профил на Фејсбук објави:
– Денес повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал, пишува Груевски.
Натаму во статусот додава:
– СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет. Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат, напиша Никола Груевски.
А како зачестија „бомбардировките“ со „заевки“, ништо чудно СЈО да отвори истраги и за злоупотреби на историското ВМРО од 1903 година и Илинденското востание.