Никола ГРУЕВСКИ

Се израдував кога деновиве слушнав за најавата на Yageo Corporation (во чии рамки веќе е и Kemet Corporation кај нас познати по името Kemet Electronics) која во Македонија инвестираше пред околу 10-12 години.
Прочитав и дека во следните десетина ќе инвестирале по 20 тина милиони долари годишно, што е добро. Очигледно Македонија, односно условите за инвестирање кои ги доби Kemet Electronics во Македонија се добро примени од оваа групација од чии раководен дел некои високо позиционирани лица од пред 10-12 години и сега се на високи позиции во веќе фирмата мајка Yageo Corporation.

Кемет Електроникс ќе ги паметам по тоа што беа прва компанија која инвестираше во Македонија а која јавно објавија дека за Македонија дознале од рекламната кампања за привлекување на странски инвестиции на меѓународниот телевизиски канал CNN. И тоа не било кој, туку главниот менаџер на компанијата(CEO) Per Olof Loof, при поставувањето на камен темелникот прераскажа како дошло до тоа тие да инвестираат во Македонија, одкако при едно негово патување во хотелската соба бил вклучен овој телевизиски канал и тоа во време кога веќе неформално имале одлука каде ќе е нивната следна инвестиција.

“Тогаш”, паметам како раскажуваше пред насобраната публика во технолошко индустриската развојна зона Бунарџик , “им јавив на моите луѓе да проверат дали овие работи од рекламата за Македонија се точни”.
Се разбира дека беа точни. Ние никогаш ниту надвор, ниту дома, не рекламиравме пред нешто да сработиме.
Во тоа време и Виктор Мизо во Милано се сретна со Guido Galleni, кој во тоа време беше шеф на фабриката во Ќустендил а потоа и во Скопје, така што “коцките” добро се вклопија.

Години подоцна Кемет Електроникс го проширија производството со нов погон. Потоа влегоа во групата на Yaheo Corporation од Тајван но дел од луѓето од Кемет Електроникс како Bob Willoughby i Chuck Meeks, а веројатно и други останаа на високи одлучувачки позиции и сосема е јасно дека тие ги споделиле искуствата и ја препорачале Македонија за нивата инвестиција затоа што тие веќе долги години се присутни во Македонија преку инвестициите на Кемет Електроникс сега купен од Јагео.

Да имаше во ова време владата изградено капацитети за привлекување нови инвестиции, мислам на компании кои за прв пат би дошле во Македонија, како што имавме ние 5 високо квалификувани министри за инвестиции (службено беа со титула Минстер без ресор, но точно си го знаеја реасорот а и целата јавност и странски инвеститори) кои доаѓаа од високи или средни позиции на огромни мултинационални компании главно од САД и делумно од Европа, кој работеа во координација со испратени претходно обучени инвестициски промотори во околу 34 големи града низ светот каде најмногу има потенцијал, и секако во тесна соработка со македонската дипломатија која не само што и беше наложено од владата приоритет да и биде економската политика, туку имавме изградено систем со мерливи критериуми со кој двапати годишно се рангираа амбасадорите во делот на учинокот за привлекување инвеститори и промоција на извозот, па од таа ранг листа која ја утврдуваше владата, освен честа, произлегуваа и други бенефиции, и сето тоа паралелно подржано со силна меѓународна континуирана медиумска кампања на повеќе меѓународни медиуми, за која тогаш бевме силно критикувани од нашите политички конкуренти дека залудно трошиме пари “за ништо”, да имаа изградено такви капацитети и систем или барем да ги задржаа постоечките кога ја превземаа власта, можеби ќе можеше барем на момент да се помисли дека привлекле нова компанија која досега не била присутна во Македонија.

Се покажа дека инвестираните пари во медиумската кампања на меѓународните медиуми, повеќекратно се вратија уште со првата инвестиција во Македонија. Таа кампања запре веднаш по смената на власта, системот кој одлично функционираше а кој кратко го опишав се растури а нов не се изгради.

Да не говорам што таа кампања заедно со меѓународната кампања за привлечкување туристи која заедно со веќе превземените други мерки и реформи во тој сектор го удвои туризмот во Макеоднија и беше причина за изградба и отварање на многу нови хотели а со тоа и нови работни места, беше индиректно и едно силно брендирање на Македонија под тогашното уставно име: Република Македонија.

Но да се вратам на тоа време. Не само што успеавме да ги привлечиме Кемет Електроникс, кој денес ни ја носи компанијата “мајка” Јагео, туку претседателот на одборот на директори (борд на директори) на компанијата Frank Brandenberg, беше толку задоволен од условите и соработката што се согласи на една не толку вообичаена работа, се разбира бесплатно.

Прифати да дојде на други наши презентации (roud show) со кои се обидувавме да привлечеме други инвеститори, и афирмативно зборуваше пред инвеститори во странство и им го прераскажа нивното позитивно искуство од Македонија, неколку години по нивната инвестиција во Македонија.
И тоа не во една метропола туку во три, во време кога го бевме ангажирале “Фајненшл тајмс” да ни ги организира овие настани: Токио, Јапонија, Сеул, Јужна Кореја и Хонг Конг, НР Кина.
На сите три настани држеше говор пред најмалку 60-70 крупни инвеститори за предностие кои Македонија ги нуди за инвеститорите, и што е поважно за искуството на оваа мултинационална корпорација во Македонија. Нема поголема и посилна реклама пред потенцијалните инвеститори кога некој со огромна светска репутација доаѓа и им вели: “Јас инвестирав таму и можам да во кажам: одлично е! Презадоволен сум!” Тоа е сто пати посилно одколку кога тоа го говорат преставниците на владата.

Подоцна нивен висок преставник Dan McClintock кој беше задолжен за првична анализа а потоа и развој на инвестицијата на Кемет Електроникс во Македонија дојде и ги пренесе своите позитивни искуства и на роуд шоуто во Детроит, исто така во присуство на врвни менаџери и членови на борд на директори на голем број мултинационални компании.
Претседателот на одборот на директори (борд на директори) Frank Brandenberg дојде и во Колумбос-Охајо во САД, каде бевме на заедничка гала вечера со тогаш веќе поранешниот претседател на САД Џорџ Буш, а во организација на организацијата “Македонија 2025” со која како влада имавме тесна соработка во целите за напредок на Македонија.

Подоцна уште додека бев премиер бордот на Кемет Електроникс на чело со претседателот на бордот Frank Brandenberg одлучи да одржи една седница на бордот во Скопје, а го посетија и Охрид. Целиот борд во придружба на менаџерите и други високи раководители, вкупно околу 10-15 луѓе, дојдоа и на прием кај мене во владата за да се заблагодарат на одличното гостопримство и одлично осмислените услови за правење бизнис во Македонија кои нивната компанија со задоволство ги користеше и продолжува да ги користи.