Никола ГРУЕВСКИ

I.Кога ја градевме првата фаза на жичарата, делот од средно Водно до врвот на Водно кај милениумскиот крст, имавме жестоки критики од опозицијата и медиумите кои ја подржуваа.
Критикуваа дека се трошат пари за глупости, за неважни работи, дека треба прво да се потрошат за ова или она, дека е непотребна инвестиција, непродуктивна инвестиција, дека на народот не му треба тоа и итн.
Тоа траеше се додека траеше градбата. Потоа кога почна да работи жичарата се замолкнаа кога видоа како народот секојдневно а особено во викендите со задоволство чека во долг ред за да го искористи транспортот со жичарата.

И еве се покажа дека не било само почетна потреба граѓаните да ја пробаат жичарата, бидејќи така е веќе 7-8 години, народот постојано чека во ред.

Но, чекаат и да се изгради втората фаза, која веќе е проектирана од едно слободно место во близина на болницата Козле па до средно Водно (Фотографиите подолу се направени денес).

Ако власта е сервис на граѓаните, ако тврди дека ги следи нивните потреби и желби, дека работи за нив и слични излитени фрази, зошто тогаш не ја изгради втората фаза на жичарницата?

II.За жал и кулата за радиодифузните антени исто така на врвот на Водно, по смената на власта во мај 2017 година остана речиси недопрена. Таму по примерот на многу главни и други големи градови требаше да се соберат сите антени на сите радиодифузери.

Дополнително исто така по пример на други градови се предвидоа и простории за четири ресторанти кои бавно се вртат/ротираат во круг и кои освен што ќе бидат атракција за граѓаните на Скопје и Македонија, ќе бидат и точка за посета од многу туристи. Овие ресторанти беа предвидени пред се за нивното изнајмување да ги покрие сите трошоци на одржување на објектот и постепено да почне да ја враќа вложената инвестиција.

III.Некој ќе рече дека сега тоа не е приоритет. Во ред. Што е приоритет? Енергетиката? Гасоводот?

1.Седма година одкако го завршивме гасоводот од кумановско Клечовце до Штип, се уште не е ставен во употреба, не е изградена секундарна и терцијална мрежа која треба да се даде под концесија на искусен инвеститор и домовите, училиштата, институциите, канцелариите и фабриките во Штип и Св. Николе да добијат гас.
Да нагласам дека за ова не треба никаква инвестиција од буџетот. Треба само тендер за концесионер кој ќе инвестира и стопанисува.
Шест години тој тендер не го објавуваат.

2.Речиси истото е и со гасововодот Штип-Неготино/Кавадарци. На заминување беше завршен над 90%, а за преостанстиот дел се чекаше некоја судска одлука, која брзо потоа се донесе и изведувачот го заврши и тој дел истата 2017 година.
Но Кавадарци, Неготино и Радовиш абер немаат од добивање гас?
Колкава инвестиција треба? Нула!!!
Треба тендер за концесионер кои ќе инвестира и ќе стопанисува.

3.Почнавме со градба на гасоводот Скопје-Тетово Гостивар.
Шеста година како тој не е завршен. Нормално беше да се заврши за три години, до 2019 година. Тетово и Гостивар но и сите населени места околу и меѓу нив, сеуште немаат гас.

4.Почнавме со градба на гасоводот Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола.
Исто така требаше да се заврши за околу 3 години, до 2019 година. Не е готов.

4.Требаше да објават тендер за секундарна и терцијална гасификација за Скопје и источна и западна Македонија. Шест години абер нема работата, па така иако Скопје има дотур на гас, искористеноста на можностите е мала бидејќи нема цевка од онаа цевка што го носи гасот до Скопје па до домовите, училиштата, институциите или фабриките.
Ако енергијата и гасот се приоритети, зошто сето ова досега не е завршено?

5.Нема да ја отворам темата зошто потпишавме градба на гасна централа, на територија на друга држава а не на македонска територија. Наместо тоа ние во програмата во 2016 година предвидовме градба на територијата на Република Македонија три нови гасни електрани, по една во Скопскиот, Полошкиот и Штипскиот регион, и уште една помала во клиничкиот центар Мајка Тереза за нивните потреби, а ТЕЦ Неготино со додатна инвестиција од мазут се предвиде да стане гасна централа, исто како и ТЕЦ Осломеј од јаглен на гас, односно гасна централа. Зошто овие 4+2 гасни централи на наша територија се заменија со една на грчка територија е друго прашање.

6.Во изборната програма на изборите на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година се ова се нарекуваше прва фаза на гасификација, а втората и третата фаза беа проектирани и требаше да се завршени до оваа 2022 година, за што бевме договорориле и финансирање.
Тука спаѓаа:
А) Кичево-Струга-Охрид-Ресен до Битола,
Б) Штип-Хамзали-Струмица-Гевгелија,
В) Штип-Кочани-Виница-Разловце-Делчево-Берово,
Г) Прилеп-Крушево-Македонски брод,
Д) Неготино -Демир Капија,
Ѓ) Св. Николе-Велес, а беше предвидено и
Е) поврзување на ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино со гас, како и сите технолошко индустриски развојни зони заради фабриките во нив.
Ж) Покрај ова требаше да е изграден и меѓудржавниот гасовод до границите со Грција и Србија а до следната 2023 година и до Албанија и уште еден кај Струмица и Петрич до Бугарија.

Се ова се заборави и не е во приоритетите на Владата, барем не во реалноста.

Нема градба!

Тогаш што е приоритет на Владата?