Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која ја следеше седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала, во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку користеше Македонија.

Ова прв го објави „X“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Screenshot / X

Инаку, Силјаноска давајќи заклетва не го употреби уставното име, туку рече Македонија.