Ситуацијата со пандемијата, нашите деца-ученици ги затвори дома со он лајн настава од март или април 2020 и цела учебна година 2020/2021. Учебната 2021/2022 сите ученици ја започнаа со физичко присуство.
Сепак, едно училиште кое никој не го спомнува учебната година ја започна со учење на далечина. Повторно учениците од СУГС„ Кочо Рацин“ од Скопје се пред компјутер и следат настава од дома. Училиштето се реконструира и затоа најавата на нас родителите ни беше дека до ноември учениците ќе следат настава на тимс. Се ќе беше во ред ако учениците барем во декември како што беше најавено почнеа со настава. Учениците искрено се понадеваа дека во второто полугодие ќе почнат со физичко присуство. Ништо од тоа! 0
Тече третата половина од месец март, учениците се се уште пред компјутер. Ние како родители постојано бараме информации од нашите деца и институцијата, но одговорот на службата е само дека набрзо ќе почнеме со физичко присуство. Дали директорот и градежните фирми не си ја завршиле работата на време или не го оспособиле како што треба не знаеме. Класните раководители не упатуваат кај педагогот и постојано се вртиме во круг ама на штета на нашите ученици. Па да прашам дали се свесни Министерството, Биро за развој на образование , Директорот дека на овој начин учениците кои учат во ова училиште се дискриминирани? Единствено училиште кое нема услови за да се почне со физичка настава во Скопје претпоставувам е ова училиште а никој не презема ништо. Постојано ги слушаме докторите дека овој начин на настава штети врз здравјето на учениците, социјализацијата е сведена на минимум, усвојување на знаење на овој начин е сосема неспоредливо со учење со физичко присуство. Кој за ова е одговорен? Дали вашите деца одат во училиште? Дали сте свесни дека овие наши деца по цели 24 месеци со онлајн настава се подложни на депресија? Не сум доктор но го сакам своето дете како и вие вашите и сметам дека за ова некој треба да поднесе одговорност. Зошто не се испита одложувањето на реконструкцијата на училиштето, дали образовните институции дозволуваат настава на далечина? Безброј прашања но ниту еден одговор. Па за крај би посочил само дека матурантите од ова училиште полагаат државна матура по иста програма како и учениците кои следат настава со физичко присуство.
Кој од надлежните ќе истапи да каже дека учениците од сите средни училишта се еднакво третирани нека поразговара со наште деца како тие се чувствуваат и дали еднакво се стекнуваат со знаење како во другите училишта.
Група загрижени родители