Министерството за надворешни работи денеска му врачило нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

Скопје протера руски дипломат поради постапки несоодветни со дипломатскиот статус.

Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат Македонија во наредните пет дена, информира Министерството за надворешни работи.

Ова не е првпат Македонија да протерува руски дипломати поради активности спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи. Русија како возвратна мерка протеруваше македонски дипломати.