Велика Британија го замрзна годишниот безбедносен дијалог со Грузија и ги откажа другите разговори за одбраната поради загриженоста за повлекување од демократските стандарди во кавкаската земја, соопшти амбасадорот на Лондон во Тбилиси за грузиските медиуми.
-Очекував да работиме заедно за да ја зајакнеме отпорноста на Грузија и нашата заедничка благосостојба, но во текот на изминатата година грузиската влада избра поинаков пат, изјави амбасадорот Герет Вард.
Постапките на грузискиот кабинет ја поттикнаа Британија да изрази „загриженост за падот на демократијата и антизападната реторика“, додаде тој.
фото: МИА архива