Карл Билт земал милиони од буџетот за време на владеењето на Националното движење, сега се појави и ни држи лекции, изјави премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили на пленарната седница на грузискиот парламент пред неколку дена, а пренесе Интерпрес њус.
Според премиерот, тој го знае идентитетот на лобистите поткупени од буџетот. Гарибашвили го наведе поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи, Карл Билт како еден од нив.
„Ги знам имињата на лобистите поткупени од буџетот. Се ќе ви кажам. На пример, на Карл Билт му плативте милиони од буџетот. Компанијата на сопругата на Карл Билт однесе од овде милиони за време на вашето владеење, сега тој излезе и ни дава лекции. Кажете му го ова веднаш. Почни да пишуваш веднаш“, рекол Гарибашвили.
На ова, Билт одоговори премирот е трагедија за таа земја, а шведскиот обвинител во меѓувреме најави можно покренување истрага против Билт, која, можете да се обложите дека нема да се случи или нема да се случи на ефективен начин.
Сепак, тоа се пари кои еден нивен фин екс премир ги зел од некоја си Грузија таму. И тоа по дефиниција нема да заврши како корупција. Па земји како Грузија затоа и служат, за да им се земат парите, а тоа не се нарекува корупција.