Јавањето е најдобро, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, а британскиот премиер Борис Џонсон ѝ воврати дека и „мора да ги покажат градите“.

Вака пред фоторепортерите зборуваа лидерите на седумте најбогати земји во светот, на Г7 самитот во замокот Елмау на Баварските Алпи.

Сѐ започна со прашањето на Џонсон дали лидерите треба да ги соблечат сакоата за фотографирање. Џастин Трудо му одговори „да почекаат да заврши фотографирањето“. Џонсон потоа низ смеа рече „мора да им покажеме на сите дека сме посилни од Путин“, а Трудо спомна јавање коњ без маица.

Трудо мислеше на познатите фотографии на рускиот претседател од неговиот одмор во Сибир.

Бајден, Макрон, Шолц, Шарл Мишел, Марио Драги од Италија и Фумио Кишида од Јапонија не рекоа ништо.