Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе изјави дека „длабоката држава“ им наредила на европските земји да го продолжат воениот конфликт во Украина, пренесува руски Инфо24.

– Длабоката држава им нареди на европските структури да го продолжат конфликтот. Пред тоа, во тој процес учествуваа и американски структури. Сега длабоката држава исклучиво им нареди на европските структури, објасни Кобахидзе за време на разговорот со новинарите во грузискиот град Батуми.

Според него, ваквите активности се спроведуваат со финансирање на организации вклучени во „антидржавни“ процеси. Политичарот смета дека парите за овие проекти доаѓаат од земјите од Европската унија.

Кобахидзе потврди дека Тбилиси нема да дозволи слична ситуација како онаа во Украина.

– Грузиските власти ќе продолжат да ги бранат своите национални интереси, нагласи тој.

„Длабока држава“ е теорија на заговор или аналитички концепт кој опишува наводна мрежа на влијателни функционери, разузнавачки агенции и деловни луѓе кои наводно тајно управуваат со државите. Во исто време, тие влијаат и на официјално избраните власти.

Фото: Кобахидзе на Фејсбук