Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.
Гуаидо на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.
Гуаидо изјави дека бил во воздушната база Каракас ла Карлота.
– Националните вооружени сили донесоа исправна одлука, и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ, рече тој.